Владата ќе финансира половина од трошоците за отворање бизнис во рурални средини

Bez autora
Feb 11 2013

Владата подготви посебна програма која нуди значајна финансиска поддршка за отворањето и развојот на приватни бизниси и вработувања во руралните средини, со која се предвидува државата да дава финансиска поддршка во висина од 50 отсто од трошоците потребни за отворање и развојот на нов бизнис. Програмата значи давање на финансиска поддршка на отворањето на било каков бизнис од страна на граѓаните, од најмалите како автомеханичари, автоперални, фризерски салони, занаетчии и слично, до преработувачки капацитети и погони за производство на малите и средни претпријатија. До сега оваа мерка за 50 отсто поддршка важеше само за набавка на земјоделска механизација. Од годинава Владата одлучи да ја прошири оваа мерка и со неа да ги опфати и услужните дејности и сектори, значи сега нема да има лимит на поддршката во однос на нејзиниот опфат и поврзаност со земјоделството, туку полето за отворање на бизнисот е нелимитирачко и може да ја опфати која било стопанска дејност, со исклучок на медицината и фармацијата.

Владата ќе финансира половина од трошоците за отворање бизнис во рурални срединиВладата подготви посебна програма која нуди значајна финансиска поддршка за отворањето и развојот на приватни бизниси и вработувања во руралните средини, со која се предвидува државата да дава финансиска поддршка во висина од 50 отсто од трошоците потребни за отворање и развојот на нов бизнис.

„Програмата значи давање на финансиска поддршка на отворањето на било каков бизнис од страна на граѓаните, од најмалите како автомеханичари, автоперални, фризерски салони, занаетчии и слично, до преработувачки капацитети и погони за производство на малите и средни претпријатија", рече Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада.

До сега оваа мерка за 50 отсто поддршка важеше само за набавка на земјоделска механизација.

Од годинава Владата одлучи да ја прошири оваа мерка и со неа да ги опфати и услужните дејности и сектори, значи сега нема да има лимит на поддршката во однос на нејзиниот опфат и поврзаност со земјоделството, туку полето за отворање на бизнисот е нелимитирачко и може да ја опфати која било стопанска дејност, со исклучок на медицината и фармацијата.

„На овој начин, Владата дава сериозна поддршка на развојот на македонските села, на овозможувањето на услови за економска егзистенција на граѓаните кои живеат во селата, на овозможувањето услови лицата да живеат и егзистираат таму, и спречување на одливот на население", рече Ѓорѓиев.

За годинава за оваа мерка се одвоени и ќе бидат ангажирани околу четири милиони евра, што според проценките може да значи дека на овој начин ќе може да се отворат над 1.000 мали бизниси и да се реализираат најмалку 1.000 вработувања.

„За финансиската поддршка ќе може да конкурираат сите физички лица, трговци поединци, и мали и средни претпријатија од руралните средини, кои ги опфаќаат сите македонски села и градовите со население под 30.000 жители", рече Ѓорѓиев.

Најдоцна до април ќе биде објавен јавен повик за аплицирање за средствата, на кој секој заинтересиран субјект ќе може да достави бизнис план до Агенцијата за рурален развој и поддршка на земјоделието (ИПАРД агенцијата), кој ќе биде разгледан и кога ќе биде прифатен ќе се склучи договор помеѓу корисникот и Агенцијата, и согласно договорот на корисникот ќе му бидат исплатени парите во висина од 50 отсто од вредноста на бизнисот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik